!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Макрон најави историска посета на Иран


       
Париз, 14 октомври, 2017 - 17:16 (META) 

Францускиот претседател Емануел Макрон планира да го посети Иран, што ќе биде прва посета на шеф на француска држава или влада на Техеран од 1971 година.

Макрон во телефонски разговор со иранскиот претседател Хасан Рохани потврдил дека Франција останува посветена на нуклеарниот договор и покрај одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп.

Макрон би можел да го посети Техеран следната година.

Иран и шесте светски сили – САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија –  на 14 јули 2015 година постигнаа договор со кој се ограничува иранската нуклеарна програма во замена за укинување на меѓународните санкции кон таа земја.