fbpx

Македонците задоволни од излезноста на локалните избори во Албанија – очекуваат еден градоначалник

-

Во Албанија денеска се спроведува гласање на локалните избори, кои првпат се организираат според новата административно-територијална поделба, која наместо некогашните 363 општини, има само 61. Освен 61 градоначалник, повеќе од 3,3 милиони гласачи, треба да изберат и 1.595 членови на општински совети.

Единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), настапува како дел од широката лева коалиција, но само со еден кандидат за градоначалник на Пустец, додека за сите 16 кандидатски листи за советници (од вкупно 61 општина), се со самостоен настап. На кандидатски листи во трка за советничко место има вкупно 200 Македонци, што е најголема бројка досега.

Актуелниот градоначалник на Пустец, Едмонд Темелко, ќе се обиде довербата да ја добие по третпат.

Со своја листа за советници, МАЕИ настапува и во главниот албански град Тирана, чиј совет брои 62 советника и каде изборната битка е најжестока. Македонците што живеат во албанската метропола со дадениот глас имаат можност првпат да имаат свој претставник во советот на Тирана. Носител на листата за општина Тирана, под реден број 36, е претседателот на Македонското друштво „Илинден“, Никола Ѓурѓај.

– Задоволни сме од атмосферета и од излезноста кај Македонците. Реално, очекуваме советничко место во Тирана, каде Македонците првпат имаат можност да гласаат за свој кандиодат. Очекуваме градоначалник во Пустец и далеку поголем број советници, во однос на претходните избори, кога имавме 11. Шансите за советнички места ни се најголеми во Тирана, Пустец, Билиш, Голо Брдо, Корча, Поградец и други места – вели Никола Ѓурѓај во изјава за „Мета“.

Здружението „Илинден“ побара од Македонците во Албанија да гласаат за македонската партија за да се освојат советнички места во повеќе општини, кои гравитираат во Голо Брдо, Гора, но и други делови на Албанија.

„Судбината е во ваши раце. Гласајте за кандидатите на МАЕИ. Време е македонското национално малцинство да има свои претставници“, објави во својот проглас Македонското друштво „Илинден“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...