fbpx

Македонците учествуваа на парадата за Денот на Австралија во Мелбурн

-

Австралија денеска го слави националниот празник, 26 јануари. По тој повод, во Австралија се организираа низа манифестации, меѓу кои најпознати се парадите во големите градови.

Во центарот на Мелбурн се одржа традиционалната парада на која продефилираа повеќе од 80 етнички заедници што живеат во Австралија, меѓу кои и македонската, предводена од Советот на македонската заедница за Мелбурн и за Викторија.

– На почетокот, се интонираше химната на Австралија и беа прочитани реферати по повод празникот, а говор одржа и премиерот на Викторија, Даниел Ендруз. Пред политичкиот врв на Викторија, претставници на дипломатскиот кор, бизнисмени и обични луѓе, продефилираа голем број етнички групи од целиот свет кои живеат во Австралија и ја прават уникатна и единствена оваа земја – вели Никола Ставрески.

Австралија е пример за мултикултурна држава со единство, мир и хармонија, за соживот на повеќе од осумдесет нации во една држава, вели тој и додадва дека Македонците секоја година се дел од овој настан.

– Македонците, кои секоја година се дел од овој голем настан, и оваа година со гордост продефилираа на парадата, веејќи ги националното и државното знаме на Република Македонија. Тие уште еднаш покажаа дека се гордеат со своето потекло и достоинствено нè претставија пред највисокиот врв на Викторија. Од страна на организаторот беа именувани како Македонци и претставници на македонската заедница од Мелбурн и од Викторија. Поддршка на нашите учесници им даде и генералниот конзул на Република Македонија, Бети Коруновска, која беше во редовите на дипломатскиот кор и која ги поздрави нашите учесници – додава Ставрески.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...