fbpx

Македонците од Мала Преспа ја организираа традиционалната македонска вечер во Канада

-

Македонците со потекло од Мала Преспа, кои живеат во Канада и во Америка, по шести пат, во Мисисага, Канада, ја одржаа традиционалната Македонска ноемвриска вечер. Манифестацијата ја организираат по повод православниот празник Св.Архангел Михаил.

Владимир Терпо, македонски иселеник од Мала Преспа, кој живее во Канада, за електронскиот весник „Македониум“ изјави дека гостите се дружеле до доцна во ноќта со групата „Бисер Торонто“, вo веселба, пеење македонски песни и играње македонски ора.

– Веќе станува традиција еднаш годишно, ние, Македонците со потекло од Мала Преспа, кои живееме во Америка и во Канада, да се собереме за православниот празник Св.Архангел и Михаил. Овој ден преставува добра можност за сите нас да се дружиме, веселиме, но и да позборуваме за нашиот роден крај – додава Владимир Тeрпо, за весникот „Македониум“.

Значителен број Македонци од Мала Преспа, во Канада и во Америка емигрирaле по 1991 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...