fbpx

Македонците од Мала Преспа и од Голо Брдо без струја за Нова година

-

Снежната покривка и поларната температура што ја зафатија Албанија ги отсече областите населени со етнички Македонци, а некои од нив останаа и без електрична енергија, пренесува електронскиот весник „Македониум“.

Областа на Голо Брдо поради обилните врнежи од снег е целосно изолирана, руралните патиштата се непроодни, а освен ниската температура која достига до -17 Целзиусови степени, проблем преставува и прекинот на електричната енергија поради урнатите бандери и искинатите жици.

Бесник Хасани, претседател на македонското друштво „Мост“ од Требиште, за весникот „Македониум“ изјави дека сите патишта во општините Требиште, Острени и Стеблево во областа Голо Брдо се блокирани и дека единствено прооден е патот од Требиште до граничниот премин Требиште – Џепиште.

– Снегот и ниската температура ни донесоа големи проблеми и освен тоа четири дена сме без струја и не знаеме кога надлежните институции ќе ги поправат дефектите. Добро што е прооден патот до граничниот премин Требиште – Џепиште, па така барем жителите на селото Требиште може да одат во Дебар да пазарат и да ги наполнат мобилните телефони – вели Бесник Хасани.

Поради обилните врнежи од снег во општина Пустец, област Мала Преспа, урнати се неколку бандери и искинати се жиците кај селото Туминец и кај селото Зрноско, па така три дена нема електрична енергија. Надлежните институци не преземаат ништо за поправање на дефектите бидејќи се ангажирани во други општини во Корчанскиот округ, каде што има прекин на електрична енергија и не се знае кога Мала Преспа ќе се снабди со електрична енергија.

Националнот пат Семблак-Горица, кој минува низ Мала Преспа е исчистен од снегот, сообраќајот се одвива нормално кон Корча и Република Македонија, освен во делот на Бигла, каде патот е замрзнат и неопходно е возилата да користат зимска опрема, односно синџири за минување на овој дел.

Во областа Гора, во округот Кукс, престанаа врнежите од снег и од денеска прооден е патот од градот Кукс до центрите на општините Шиштавец и Запот, додека руралните патишта помеѓу селата во општините Запот и Шиштавец во областа Гора се блокирани.

Снежното невреме кое ја зафати Албанија отсече повеќе региони и остави без струја повеќе општини во северниот и во југоисточниот дел од земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...