!На 1 февруари 2017 година, завршува промотивниот период на слободно користење, без регистрација и без претплата, на содржините на „Мета“, кое беше воведено за да им овозможиме полесен пристап на корисниците до навремени и проверени вести. За начинот на пристап и за претплата, од 1 февруари 2017 година ќе информираме дополнително. При пренесувањето и преземањето на содржините од „Мета“, задолжително е атрибуирање и линкување.

Македонците од Албанија го осудија Бушати за изразот „славомакедонци“


       
Тирана, 10 јануари, 2017 - 18:28 (META) 

Вчерашната изјава на министерот за надворешни работи на Република Албанија, Дитмир Бушати, за албанската телевизија „Топ ченел“, во која за македонскиот народ тој го употреби изразот „славомакедонци“, наиде на општа осуда меѓу етничките Македонци во Албанија.

Македонското друштво „Илинден“ од Tирана и разгранокот на друштвото за областа Голо Брдо денеска соопштија дека го осудуваат и оти се непријатно изненадени од делот од интервјуто на шефот на албанската дипломатија.

„Македонското друштво „Илинден“ смета дека изјавата на министерот за надворешни работи на Албанија, Бушати, е несоодветна, неодговорна и навредувачка. Бараме од министерот Бушати во иднина да не прави дефиниции без право и без основа. Ние мора да работиме со храброст да се изградат искрени и пријателски односи меѓу Албанија и Македонија“, се вели во писмената реакција.