fbpx

Македонско-чешки бизнис-форум ќе се одржува во Охрид

-

Македонско-чешки бизнис-форум на кој е најавено учеството на познати чешки бизнисмени и на претседателите на Чешка, Милош Земан, и на Македонија, Ѓорге Иванов, ќе се одржува во Охрид.

Пред собирот и во функција на негова подготовка, во Охрид имаа средба градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, директорот на одделот на канцеларијата на чешкиот претседател, Јиндриц Форејт, амбасадорот на Чешка во Македонија, Мирослав Рамеш, заедно со економски советници од чешката влада.

Учесниците на средбата истакнаа дека убавините на Охрид и неговите специфики ќе најдат значајно медиумско место, што, секако, би значело одлична промоција на градот и на земјата во Чешка.

Бакрачески се обврза Општина Охрид да даде целосна логистичка поддршка за организација на овој значаен меѓународен настан и дека градот, како домаќин, ќе направи сè за пријатен престој на гостите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.