fbpx

Македонско-албанска соработка во сферата на културата

-

„Македонско-албанската соработка во сферата на култура се развива успешно и на обострано задоволство. Се остварува низ многубројни активности во делот на заштита на културното наследство, гостувања на театрите од Македонија во Албанија и реципрочни гостувања на театрите од Албанија на меѓународните фестивали во нашата земја. Значајна е и соработката во музичко-сценската, фолклорната и во издавачката дејност, како и во филмската уметност, каде се реализирани копродукциски проекти“, заклучија министерките за култура на Република Македонија и на Република Албанија, Елизабета Канческа–Милевска и Мирела Кумбаром, на средбата во Тирана.

Програмата за соработка во областа на културата меѓу Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за култура на Република Албанија за периодот 2015–2020 година, потпишана од македонската министерка Елизабета Канческа–Милевска и од нејзината албанска колешка Мирела Кумбаро, во Тирана, ќе означи нов импулс во натамошните продуктивни контакти.

Со потпишувањето на програмата за соработка, ќе се отвори можност на годишно ниво да се договараат активности што ќе се реализираат меѓу двете страни. Документот претставува правна рамка за унапредување на соработката, како и за интензивирање на размената на проекти меѓу институциите од културата од двете земји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...