fbpx

Македонскиот „усташ“, Игор Југ и сопругата бараат поддршка од Хрватите

-

Хрватскиот портал „7Дневно“ објави денеска статија за Игор Југ, објавувајќи и негова песна на хрватски јазик во која тој порачува дека е пред сè македонски а потоа и хрватски патриот и ја бранел Македонија. Како свои херои, во песната тој ги посочува Владо Черноземски, атентаторот на српскиот крал Александар Први Караѓорѓевиќ во Марсеј, Франција, во 1934 година, како и генералот Слободан Праљак, обвинет за воени злосторства во војната во БиХ, кој стана светска сензација кога испи отров во судницата во Хаг на 29 ноември 2017 година, по што почина.

„7Дневно“ пишува дека сопругата на Игор Југ ги информирала за приказната и потенцирала дека тој две години е во Истражниот затвор во Шуто Оризари.

„Во сиот немил настан, најмногу се истакна Игор Југ, којшто во парламентот влета со маица на ХОС (Хрватски одбранбени сили  – името на воените единици на Хрватите во војната во Хрватска и во војната во БиХ), поради што во медиумите стана познат како „македонскиот усташ“. Со оглед дека таткото на Игор е Хрват, тој никогаш не го сокривал патриотизмот и големото хрватство“, пишува сајтот за улогата на Југ во упадот и крвавото насилство во македонското Собрание на 27 април 2017 година.

Сајтот потоа пишува дека покрај Игор Југ, на удар е и неговото семејство, оти сите се дистанцирале од нив.

„Ова семејство од Хрватите не очекува никаква помош во материјална смисла, туку жалат поради фактот дека освен навредливиот начин на кој хрватските медиуми го проследија случајот на „собранискиот парламент“, никогаш никој не покажал интерес за Игор, кого во Македонија го нарекуваат ,хрватски националист и усташ’. Неговата сопруга не спори дека тој е импресиониран од единиците на ХОС и тоа што го направија во Татковинската војна, па ја пренесува неговата желба хрватските медиуми да ја добијат ,вистинската слика’ на неговата приказна“, пишува „7Дневно“ објавувајќи ја песната на Игор Југ во која тој вели дека тоа што го сторил го сторил оти ја сака Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...