fbpx

Македонскиот останува единствен службен јазик на целата територија

-

Законот за јазиците ги унапредува правата на сите немнозински заедници и не предвидува нови вработувања, а македонскиот јазик со кирилското писмо останува единствен службен јазик и на целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи, велат во денешното соопштение од Владата во врска како што велат лажните вести и невистини за примената на Законот за употреба на јазиците.

Оттаму посочуваат дека, лажните или неосновани тврдења за наводен дополнителен товар во буџетот и за нови вработувања се само изговори и опструкции на опозицијата.

„Вистината е дека Агенцијата за примена на јазикот и Инспекторатот за употреба на јазиците, како што предвидува Законот и како што беше утврдено со политичкиот договор за негово донесување, кадровски ќе бидат екипирани од постоечките човечки ресурси во министерствата, агенциите и секретаријатите. Не се предвидени нови вработувања“, стои во соопштението од владината прес-служба.

Спроведувањето на законските одредби, како што истакнуваат од Владата, е обврска на сите институции опфатени за негова примена.

„Погрешно и манипулативно е тврдењето дека Агенција за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните на Република Македонија со својство на правно лице, ќе го издигне албанскиот јазик над сите останати јазици во Република Македонија. Вистината е нешто сосема друго, односно работата на Агенцијата ќе се однесува на сите јазици“, велат од Влада.

Агенцијата, како што појаснуваат од Владата, ќе ги опслужува општините и другите институции во оние населени места каде што мнозинството граѓани се Македонци. Во тие градови, во случај кога некој граѓанин од албанска, ромска, бошњачка, српска, турска, ромска или друга етничка заедница ќе има потреба од каков бил документ на друг јазик, покрај македонскиот јазик, тогаш Централната агенција ќе им излезе во пресрет на тие граѓани, да им обезбеди услуга на нивниот мајчин јазик којшто најдобро го разбираат.

„Употребата на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо е регулирана со ставот 1 од амандманот 5 на Уставот и со Законот за употреба на македонскиот јазик од 1998 година и при тоа македонскиот јазик и неговото кирилско писмо е службен јазик на целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи. Во меѓународните односи, одбраната, централната полиција и монетарната политика, македонскиот јазик е единствен официјален јазик во Република Македонија, што е утврдено со Законот за употреба на македонскиот јазик од 1998 година“, појаснуваат од таму.

Согласно заклучок на Владата, Законот за употреба на јазиците ќе биде испратен на мислење до Венецијанската комисија од страна на Министерството за правда, и сите евентуални забелешки ќе бидат вградени во текстот на овој Закон, како гаранција за целосно почитување на европските стандарди.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....