fbpx

Македонскиот автор Шипинкаровски награден на фестивал во Хрватска

-

Македонскиот автор Петко Шипинкаровски ја доби главната меѓународна награда на фестивалот „Денови на пријателите на книгата“, кој денеска заврши во Ријека, Хрватска.

Наградата, во Градското собрание на Ријека, му беше врачена за придонесот во културата и за меѓународната соработка, додека за творештвото на Шипинкаровски говореше Васил Тоциновски.

Примајќи ја наградата „Книжевно перо“ на Хрватското книжевно друштво од Ријека, Шипинкаровски истакна дека соработката ќе продолжи за уште поголемо афирмирање на хрватската и на македонската литература и култура.

Македонската литература во Ријека ја претставуваат Васил Тоциновски, Петко Шипинкаровски и Виолета Сековска, како и македонската поетеса што живее во Задар, Мирјана Мајиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...