fbpx

Македонскиот ајвар и чаевите претставени на Саемот за храна во Атина

-

Македонскиот ајвар, чаеви и дел од традиционалните кулинарски специјалитети беа претставени на Меѓународниот саем за храна во Атина. Ова е втора година како македонската амбасада во Атина се претставува на овој саем, организиран од здружението на сопругите на амбасадорите во Грција.

Посетителите на македонскиот штанд имаа можност да вкусат дел од традиционалните специјалитети како ајварот, малиџаното и готвеното тавче-гравче, како и да ја разгледаат понудата на органски чаеви. Саемот беше добра можност за промоција на македонските производи, кои ретко се наоѓаат на грчкиот пазар.

Билјана Гриовска, сопруга на македонскиот амбасадор во Атина изрази задоволство од посетеноста на штандот. Таа посочи дека најголем интерес има за ајварот и чаевите.

– Канцеларијата за врски на Македонија и оваа година зема учество со свој штанд каде што продаваме традиционални производи. Денеска имаме домашно подготвено тавче-гравче. Имаме ајвар, малиџано и останати производи и органски чаеви. Средствата кои се собрани одат за поддршка на грчка организација која се нарекува „Мерима“. Тие работат со деца кои се заболени од неизлечиви болести и деца кои имаат изгубено блиски роднини, им даваат помош за да продолжат со животот – истакна Гриовска.

Дел од посетителите на штандот за прв пат се сретнаа со македонски производи, а дел беа веќе запознаени од патувањата низ Балканот и Македонија.

Настанот покрај бројните дипломатски претставници и посетители го посети како почесен гостин и сопругата на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос. Покрај Македонија, на саемот со свои штандови учествуваа амбасади на повеќе од 30 земји во светот.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...