fbpx

„Македонски телеком“ и „Ти-мобајл“ со намалени приходи од говорни услуги

-

„Македонски телеком“ АД – Скопје и „Ти-мобајл Македонија“ ја задржаа водечката позиција на пазарот во првиот квартал од 2015 година и покрај силното пазарно опкружување, покажуваат неревидираните  консолидирани финансиски резултати во согласност со меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ). Продолжува трендот на пораст на приходите во сегментот на интернет и на интернет-телевизија, а се намалуваат приходите од говорните услуги.

Приходите од продажба на ниво на групација во првото тримесечје изнесуваат  2.473 милиони денари, што претставува намалување од 6,7 отсто во споредба со истиот период од 2014 година. Оперативните трошоци на крајот од првото тримесечје од 2015 година се намалија за  4,2  отсто во споредба со истиот период од претходната година.

Вкупните капитални инвестиции изнесуваат 112 милиони денари. Добивката од редовно работење пред оданочување на крајот од првото тримесечје од 2015 година изнесува 345 милиони денари и е намалена за 19,7 отсто во споредба со истиот период од минатата година, што го  рефлектира намалувањето на приходите делумно компензирани од помалите трошоци.

Вкупната нето-добивка на крајот од првото тримесечје од 2015 година изнесува 303 милиони денари. На крајот од првото тримесечје, „Македонски телеком“ остана на лидерската позиција со 63 отсто пазарно учество во сегментот на фиксна телефонија и со удел од 50 отсто во делот на широкопојасниот интернет, во согласност со интерните податоци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...