Македонија со национален штанд ќе се претстави на најголемиот саем за стоки за широка потрошувачка во Руската Федерација и во Југоисточна Европа „Продекспо 2017“, што ќе се одржи од 6 до 10 февруари во Москва.
Настапот на македонските компании е во организација на Македонско-руската стопанска комора и со финансиска поддршка на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Македонија.
На саемот ќе се претстават винарниците „Стоби“, „Далвина“, „Кралска винарија“, производителите на сирење и на кашкавал „Здравје“, „Осогово милк“, како и производителот на конзервиран зеленчук и овошје „Вори“.
Македонско-руската стопанска комора го организира и самостојниот настап на „Кадино индустри груп“, која првпат со сопствен штанд ќе ги престави своите мелнички производи и свежо замрзнати тестенини.
На „Продекспо 2017“ ќе се претстават повеќе од 2.000 компании од 57 земји од светот, со 27 национални штанда.