fbpx

Македонски државјанин уапсен во Австрија поради поврзаност со ИД

-

Австриската полиција извршила претреси и уапсила 14 лица во Виена и во Грац, меѓу кои и едно лице со македонско државјанство, под сомневање дека се припадници и поддржувачи на милитантната група Исламска држава, изјавиле од австриското обвинителство, пренесува ХРТ.

Во претресите учествувале околу 800 полицајци, a координираната акција била планирана подолго време, било наведено во изјавата на обвинителството во Грац.

Според австрискиот весник „Ди пресе“, покрај македонскиот државјанин, има и тројца уапсени со австриско државјанство, како и едно лице од Авганистан, неколку лица од Босна и Херцеговина, еден Сириец и еден бугарски државјанин.

Австриското обвинителство, според медиумите, издало барања за одредување притвор за неколкумина од осомничените. Оттаму навеле дека нема информации дека бил планиран конкретен напад.

Виенската полиција, како што пренесува ХРТ, изминатиов период го зголемила степенот на готовност и ги засилила патролите на фреквентните јавни места.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...