fbpx

Македонската влада со „Ослободување на Скопје“ врши антибугарска пропаганда, велат во Софија

-

Бугарија e револтирана од новиот македонски филм „Ослободување на Скопје“, на режисерот Раде Шербеџија, бидејќи Бугарите се прикажани како „лоши“ и сметаат дека филмот е дел од владината антибугарската пропаганда во Македонија.

– Само во рекламниот спот за „Ослободување на Скопје“ неколкупати се забележуваат реплики како што се: „Бугарите апсат сè живо и диво“, „Бугарите ќе те убијат“, „Пазете се, идат Бугари“ – пишува бугарскиот портал „Офњуз“ и додава дека сценаристот, Дарко Митревски, ѝ е добро познат на бугарската јавност со својот филм „Трето полувреме“, во кој Бугарите повторно се прикажани во лошо светло.

Порталот, исто така, наведува дека македонската влада, преку Агенцијата за филм на Македонија, го финансирала филмот со 1.250.000 евра.

Од бугарското Здружението за истражување и развој на граѓанското општество велат дека премиерата на филмот, чие дејство се одвива за време на Втората светска војна, за време на бугарската и на германската окупација, минала незабележливо во Бугарија поради скандалот со Кајмакчалан. Од Здружението велат дека филмот е пропаганда против Бугарите, која е спонзорирана од македонската Влада и која има цел да влее омраза против Бугарија.

– Настојуваме да водиме активна бугарска културна политика, која е насочена кон организирање настани што ќе ја прикажат реалноста таква каква што била во тие години. Не можеме да ги обвинуваме обичните македонски граѓани, кои немаат други канали за запознавање на „вистината“ освен преку македонските телевизии, весници и радија – велат од организацијата.

„Ослободување на Скопје“ премиерно беше прикажан на 10 септември, на меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, додека официјалната премиера е закажана за 1 октомври во кино „Милениум“ во Скопје.

Македонија го кандидираше „Ослободување на Скопје“ за наградата „Оскар“, во категоријата најдобар странски филм. Досега 14 македонски филмови се кандидирани за номинација „Оскар“, но само „Пред дождот“ на Милчо Манчевски доби номинација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...