!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

Македонската платформа да биде проект на Македонците, а не проект на власта, порача НДМ


       
НДМ, 15 февруари, 2017 - 13:51 (META) 

Народно движење за Македонија денеска ги поздравува иницијативите за донесување на македонска платформа за заштита на виталните национални и државни интереси, но оцени дека во нејзиното носење не треба да учествуваат само претставници на власта и лица кои се блиски до неа.

„НДМ предупредува дека прави голема грешка секој оној што мисли дека во изготвувањето и прифаќањето на една македонска платформа е доволно да учествуваат структурите кои се дел или блиски до власта.Оттука, НДМ апелира со донесувањето на еден стратешки документ за националните и државните интереси најпосле да се изрази домашното единство како најсилна брана против секаква внатрешна или надворешна закана“, велат од партијата.

Од НДМ велат дека правењето на овој фундаментален проект е потребно најпрвин да се обезбеди национално единство на поширока основа со вклученост на позициски и опозициски фактори во земјата и во оваа насока веднаш да се започне со потребните активности.

„Ја користиме приликата да ги повикаме Груевски и Заев како најодговорни во моментот за иднината на земјата, како појдовна основа за македонската платформа да послужи Меморандумот за Македонија за виталните национални и државни интереси кој лично им е доставен од страна на НДМ на 4 јануари 2017. Се разбира, не се лутиме иако има обид Меморандумот на НДМ како национална платформа да се прикажува во јавноста како туѓа иницијатива, бидејќи, подобро е да се спроведуваат добри идеи за опстанокот и просперитетот на народот и државата отколку безмилосно да се расправаме на штета на националните и државните интереси“, велат од НДМ.