Голема криминална група, која внесувала и продавала хероин во земјите од ЕУ, е разбиена во заедничка акција на полициите од четири европски држави. Уапсени се речиси 400 осомничени членови на групата и запленети се 100 килограми хероин и помали количества кокаин, марихуана и пари во текот на истрагата, која траела од 2010 година, соопшти Европол.
Во операцијата учествувале полициите на Австрија, Германија, Холандија и на Македонија, од каде биле регрутирани членовите на групата.
Криминалната група оперирала од нејзините бази во Австрија, Германија и во Македонија, внесувајќи големи количества хероин во ЕУ, преку т.н. „балканска рута“, и диструбиирајќи ја дрогата во повеќе европски земји.
Поединечните истраги на полиците резултирала со апсење и со обвиненија против главните осомничени, кои биле мозок на групата, но поради нејзината организација, таа успевала брзо да се врати и да ја реизгради својата наркомрежа.
Заедничката истрага решила да ѝ зададе коненчен удар на групата, кој кулминирал кој крајот на оваа година, информираат од Европол.
Истрагата била фокусирана на поголем број криминални групи кои соработувале и оперирале заедно, надвор од Македонија. Тие имале цел да дистрибуираат висококвалитетен хероин по многу ниски цени во Европа и да внесуваат големи количества дрога, особено во Австрија и во Германија.
Криминалната група била многу добро организирана, со строга хиерархија во која никој од членовите не знаел кој се и што работат другите членови, особено оние на високите позиции.
Членовите, главно, биле регрутирани од Македонија и биле носени во Виена и во Франкфурт, каде имале строго дефинирани улоги. Главната карактеристика на групата била строгата организација, поделбата на работата и добро организираните процедури.
Заедничката истрага била насочена на трајно уништување на криминалната организација во Македонија и на нејзините ќелии во Виеина и во Франкфурт.
Европска Унија е значаен пазар за наркотици, вклучувајчи го и хеоринот, кој стигнува, главно, од Авганистан преку границите на Иран и на Пакистан. Од границата со Иран, хероинот се пренесува во Турција и стигнува во Европа преку т.н. балканска рута.
Гилем дел од хероинот транзитира преку Бугарија, преку Македонија, Словенија до Италија или до Австрија или, пак, преку Македонија и Албанија до Италија. Друг крак од рутата води преку Романија, Унгарија до Словачка, Чешка или до Полска, а потоа до Австрија и до Германија.
Една третина од организираните криминални групи во ЕУ оперираат со производство и со дистрибуција на дрога. Наркопазарот во Европа, кој се проценува на милијарди евра, се оценува како високопрофитабилен, поради што шврецот и трговијата со дрога и понатаму остануваат значајна закана.
Вредноста на пазарот на опијати во ЕУ се проценува на 12 милијарди евра.