fbpx

Македонска радио-телевизија минимално го намали долгот кон УЈП

-

Според најновата листа на Управата за јавни приходи (УЈП), Јавниот радиодифузен сервис – Македонската радио-телевизија (МРТ), вкупно должи 130.768.590 денари (2.126.318 евра) неплатена сума за даноци, од кои по основ на данок на додадена вредност (ДДВ) не се платени 24.408.176 денари (396.881 евра).

Во однос на претходната листа на УЈП, објавена на 7 декември, долгот на МРТ кон УЈП е намален за 1.667.535 денари (27.114 евра). На претходната листа на должници на УЈП, вкупниот долг на МРТ кон УЈП изнесува 132.436.125 денари (2.153.433 евра), или 26.862.255 (436.784 евра) по основ на ДДВ.

На најновата листа на должници на УЈП, се наоѓа и Македонска радиодифузија (МРД) со неплатен долг од 27.327.792 денари (444.354 евра).

Најголемиот дел од буџетот на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) во 2018 година, односно 19,29 милиони евра, ќе се потроши за Македонската радио-телевизија (МРТ), Македонска радиодифузија (МРД) и за Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), посочи во средата министерот Дамјан Манчевски, презентирајќи го буџетот за следната година.

foom-logo-disklejmerТекстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведуваат Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, „Агора“ Центар за промовирање на граѓански вредности и Платформата за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА), со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.
Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...