fbpx

Македонска поезија објавена во српското книжевно списание „Брничево“

-

Во најновиот број на списанието за книжевност „Браничево“ од Пожаревац, Република Србија, се објавени одбрани песни од македонските поети Ристо Ѓ. Јачев, Христо Петрески, Петко Шипинкаровски, Славица Г. Свидерски, Весна Мундишевска-Велјановска, Зоран Пејковски, Маја Стела Босилковска, Тоде Илиевски и Марина Мијаковска.

Најновата презентација на македонските поети надвор од Македонија е уште една потврда на активноста и на заложбите на редакцијата на ревијата за книжевност „Бранувања“, што се темели на воспоставување соработка и на градење мостови помеѓу македонската и културите од регионот и пошироко.

На 8 јули во библиотека „Григор Прличев“ во Охрид, во рамките на годинашната манифестација „Струшки книжевни средби“, ќе бидат промовирани списанијата „Браничево“ од Пожаревац (Србија) и „Бранувања“ од Струга, кога за списанијата ќе говорат нивните уредници Билјана Миловановиќ-Живак и Петко Шипинкаровски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...