!На 1 февруари 2017 година, завршува промотивниот период на слободно користење, без регистрација и без претплата, на содржините на „Мета“, кое беше воведено за да им овозможиме полесен пристап на корисниците до навремени и проверени вести. За начинот на пристап и за претплата, од 1 февруари 2017 година ќе информираме дополнително. При пренесувањето и преземањето на содржините од „Мета“, задолжително е атрибуирање и линкување.

Македонка од Австралија ја претепала мајка си до смрт


       
Бризбен, 4 ноември, 2016 - 12:44 (META) 

Дваесетгодишна Македонка од австралискиот град Бризбејн до смрт ја претепала својата мајка поради строгиот македонски начин на воспитување, пишува австралискиот портал „Курир меил“.

Симона Зафировска вчера е уапсена и обвинета за убиство, откако доброволно разговарала со полицијата за смртта на нејзината 56-годишна мајка Радица.

Радица ЗафировскаПорталот пишува дека засега не се знае кои биле строгите традиционални методи на Радица, но наведува дека во православната култура, особено во македонската, родителите се често строги кон децата и оти авторитетот на родителите е огромен.

Телото на Радица било пронајдено во спалната соба на семејниот дом, откако Симона ја повикала полицијата околу седум часот наутро. Наводно, убиството било извршено со парче дрво, кое било пронајдено во домот.

Полицијата ја привела Симона на испитување, по што ја пуштиле да замине и да отседне кај пријатели додека полицијата детално го истражи случајот.

Вчера попладне била повикана на уште еден разговор, на кој 20-годишната Симона доброволно се појавила, пред да биде уапсена.

Порталот наведува дека детективите подоцна со лисици ја изнеле Македонката од полициската станица.

Соседите на Зафировски велат дека Симона и Радица биле мирни, повлечени и тивки. Таткото на Симона починал пред пет години, а нејзината мајка Радица подоцна се премажила. Новиот сопруга на Радица, чие име не се открива, во моментот на убиството не бил во Австралија.

Зафировска денеска се појавила пред судот во Бризбејн, а нејзиниот адвокат, Нил Лолер, изјавил дека неговата клиентка е вознемирена и оти ќе ѝ биде извршена психијатриска процена. Тој додаде дека студентката, која, исто така, работи и како чистачка, подоцна ќе побара да биде пуштена да се брани од слобода со кауција.