fbpx

Македонија за нијанса го подобри индексот на перцепција на корупцијата

-

Македонија годинава има за два поени подобар индекс на перцепција на корупцијата, покажува годишната анализа што „Транспаренси интернешнл“ ја објави утрово. Годинава земјава е оценета со 37 на скалата до 100, каде што повисокиот индекс значи земја послободна од корупција. Минатата година Македонија имаше индекс 35.

Годинава, земјата го дели 93 место од 180 рангирани земји, заедно со Гамбија, Гијана, Косово, Монголија и Панама.

Индексот рангира 180 земји и територии според нивото на перцепција на корупцијата во јавниот сектор, според експерти и бизнисмени. На скалата од еден до 100 помалиот индекс означува земја „почиста“ од корупција.

Индексот на Македонија е близу до просекот на регионот на Источна Европа и Азија, втор најкорумпиран во светот годинава. Просекот во регионот е 35, а само една земја, Грузија, има индекс над 50. На врвот следат Црна Гора и Белорусија, а на дното во регионот се Туркменистан, Узбекистан и Азербејџан.

Македонија е посочена како „земја на која треба да се обрне внимание“.

„Турција, Босна и Херцеговина, Грузија, Украина, Македонија и Ерменија се земји на кои треба да се обрне внимание во следните неколку години. Карактеристични по предизвиците во своите политички односи, само Ерменија отскокнува од трендот со позитивна промена во владата“, стои во анализата за регионот.

Но, не многу подобра е состојбата и на глобално ниво.

„Годинешниот Индекс на перцепција на корупцијата покажува дека најголемиот дел земји потфрлиле во обидот позначајно да ја контролираат корупцијата, што придонесува во кризата на демократијата низ светот“, се нагласува во анализата.

Повеќе од две третини од земјите имале индекс под 50, а просечниот бил 43.

Најдобри резултати имаат Данска и Нов Зеланд, со индекси 88 и 87, а на дното се Сомалија, Сирија и Јужен Судан со индекси 10, 13 и 13, соодветно.

– Многу поверојатно е корупцијата да цути таму каде што се слаби темелите на демократијата и, како што видовме во многу земји, каде што недемократски и популистички политичари тоа можат да го искористат во своја полза – порачува Делиа Фереира Рубио, претседавачот на „Транспаренси интернешнл“.

Во минатите седум години само 20 земји значително го подобриле својот индекс.

„Истражувањата годинава покажуваат вознемирувачка поврзаност меѓу корупцијата и „здравјето“ на демократијата. Земјите со повеќе корупција имаат послаби демократски институции и политички права.

Нема демократии со резултат под 50 на Индексот. Слично, многу малку земји со автократски карактеристики имаат индекс над 50“, се нагласува во анализата.

„Транспаренси“ на крајот од анализата дава и четири препораки за сузбивање на корупцијата: зајакнување на институции, затворање на јазот меѓу антикорупциското законодавство, практика и спроведување на законот, одлучност на граѓаните да не молчат и барање отчетност од власта, и заштита на слободата на говорот за ниеден новинар кој известува за корупција да не стравува за животот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...