Македонија за ЕУ ќе биде ПЈРМ се додека целосно не се спроведе Договорот со Грција


       
Брисел, 18 јуни, 2018 - 14:41 (META) 

Портпаролката на Европската Комисија, Маја Коцијанчич, прецизираше дека сѐ додека не е целосно имплементиран договорот постигнат помеѓу Грција и Македонија за спорот со името, Европската Унија ќе продолжи да ја нарекува земјата според привременото име.

– Договорот е постигнат, но остануваат одреден број чекори кои треба да се преземат за да биде комплетиран, за официјална комуникација ќе продолжиме да ја нарекуваме Поранешна југословенска Република Македонија, како што е случај во нашите соопштенија досега – изјави Коцијанчич.