fbpx

Македонија во портокалова фаза – бремените и хронично болните да не одат на работа

-

Министерството за здравство, поради високата температура, излезе со препораки во кои се повикуваат работодавците денеска и утре да ги ослободат од работните обврски бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години.

Во дописот се повикуваат работодавците да го реорганизираат работното време за да се избегнуваат активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Препораките доаѓаат по најавите од Управата за хидрометеоролошки работи дека Македонија во следните денови ќе влезе во портокалова фаза поради големата топлотна маса од југ, која ќе резултира со многу висока температура.

Од министерството, исто така, препорачуваат да не се одржуваат спортски активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а градинките да не ги изнесуваат децата на отворено и да не практикуваат физичка активност во овој период.

„Потсетуваме дека е потребно граѓаните од целата држава да ги почитуваат општите препораки за заштита од високата температура, како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, консумирање лесна храна и течности, хигиенски начин на подготовка на храната и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица“, апелира Министерството.

Во препораките се наведува дека во овој период треба да се консумираат повеќе течности и свежи градинарски производи, а да се избегнува храна која термички не е обработена за да се избегне можната појава на труења со храна и на цревни заразни заболувања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...