fbpx

Македонија веќе не може да си ја дозволи алчноста на Груевски, обвинуваат од СДСМ

-

„По речиси три месеци од катастрофалната поплава што одзеде животи на 23 наши сограѓани, обиколницата сè уште е оштетена и ништо не е направено. Со оглед на итноста, одамна требаше да почне да се работи на санација на состојбата“, обвини денеска Дамјан Манчевски од СДСМ.

– Откако по три месеци власта ништо не направи, донесе одлука работата за санација на обиколницата да ја даде на фирмата „Трансмет“. Се работи за фирма чиј сопственик е блискиот пријател на Никола Груевски, Сеад Кочан. Се работи за истиот човек што Никола Груевски го споменува во „бомбите“ како „оној со сеат ибица“, кога мести и други тендери за него. Се работи за фирма што само од 2012 година до денес, има добиено повеќе од 63,4 милиони евра работа од државата. И, се работи за истиот човек што ја отвори телевизија „Нова“, наменски за да ја фали власта пред избори. Македонија едноставно повеќе не може да си ја дозволи алчноста на Никола Груевски. Не мораше ниту сега, не мораше ниту на оваа трагична приказна да се обидува да печали пари за своите блиски пријатели. Ова веќе не е само алчност, ова веќе не е човечки – рече Манчевски.

Тој додаде дека СДСМ се согласува со итната потреба од санација на обиколницата, но итно значи да се направи веднаш, а не да се калкулира за работата да ја добие фирмата „Трансмет“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нема решение за повеќе од 75 oтсто од вработените постари од 46 години во јавните претпријатија

Во земјава се регистрирани 159 јавни претпријатија кои се формирани од различни нивоа на власт, Собранието, Владата, општините и град Скопје. Најголем број, 143, се основани од град Скопје...