fbpx

Македонија стана членка на Агенцијата за фундаментални права

-

Македонија денеска стана членка на Агенцијата за фундаментални права (АФП) на Европската Унија, информираше вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи.

Вицепремиерот рече дека зачленувањето во Агенцијата ја покажува посветеноста на Владата за приближување на земјата кон Европската Унија на сите нивоа.

– Членството во ова институција не е изолиран настан што се случи одеднаш, туку тоа е круна на еден процес кој е почнат уште во 2008 година, кога и формално како држава имаме побарано членство во Агенцијата. Низ овој процес поминавме бројни блокади, но, еве, конечно, го откочивме процесот и станавме членка на оваа важна европска институција – изјави Османи.

Тој го оцени зачленување во Агенцијата за фундаментални права на ЕУ како важен чекор од страна на Европската Унија бидејќи Македонија во моментов е единствената земја – кандидат за членство во ЕУ која стекнала право за учество во работата на Агенцијата.

Министерот за правда, Билен Саљији, истакна дека вклучувањето на Република Македонија во работата на оваа агенција како единствено тело што се занимава со почитувањето на човековите права во Европската Унија, кореспондира со евроинтегративниот процес на Владата и со активностите на усогласување на македонското со европското законодавство.

– На овој начин, Република Македонија, како единствена од земјите – кандидатки за членство, ќе има директен увид во работата на Агенцијата и можност европските стандарди и практиките да ги пренесе во домашната законодавна и институционална рамка – изјави Саљији.

Тој информираше дека поголемиот дел од финансиските обврски на Република Македонија за членството во агенцијата се обезбедени во вид на грант преку ИПА од страна на Секретаријатот за европски прашања, додека остатокот од околу 20 отсто ќе го обезбеди Министерството за правда.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...