fbpx

„Македонија сообраќај“ нема лиценца, затоа не сообраќа на релација Скопје – Солун

-

Министерството за транспорт и врски информираше дека превозникот „Македонија сообраќај“ не сообраќа на релацијата Скопје – Солун, бидејќи нема лиценца.

„На превозникот „Македонија сообраќај“, поради нередовно одржување на возната линија Скопје – Солун, пред повеќе од три години му е одземена дозволата за превоз на патници на линијата Скопје – Солун. По две жалбени постапки од страна на оваа компанија, Министерството за транспорт и врски, му ја одзема дозволата за вршење на превоз на патници на релација Скопје-Солун. Во период на водење на жалбената постапка, важноста на дозволата била продолжувана, бидејќи решението за одземање на дозволата не било правосилно, а дозволите важеле до 31 јануари 2017 година. Превозникот „Македонија сообраќај“ не аплицирал за нова дозвола“, се вели во соопштението на министерството.

Во него се додава дека, во овој момент тече жалбената постапка пред Управниот суд и се додека се води управната постапка, Министерството за транспорт и врски, согласно законските прописи, не може да преземе дејства. Партнер-фирмата од Грција редовно ја одржува линијата Скопје-Солун, а истата аплицирала за продолжување на важност на дозволата и ги има исполнето сите законски услови за тоа.

Министерството за транспорт и врски апелира до сите заинтересирани компании да се пријават на претстојниот повик за распределба на автобуските линии во внатрешниот и меѓународниот сообраќај, со цел да се обезбедат навремени и квалитетни сообраќајни услуги за граѓаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...