fbpx

Македонија на 53. место на Индексот за просперитет на лондонски „Легатум“

-

Институтот „Легатум“ од Лондон го објави својот десетти јубилеен глобален Индекс на просперитет, кој претставува листа на најпросперитетните земји во светот.

На индексот на „Легатум“, Македонија се наоѓа на 53. место, а најдобро рангирана земја од регионот е Словенија, која е на 20. позиција на листата.  Хрватска е на 43. место, Грција на 44., Бугарија на 57., Црна Гора на 58., Србија на 66. место, Албанија на 77., додека Босна и Херцеговина воопшто ја нема на листата од 149 земји.

Инаку, според индексот, најпросперитетна земја во светот е Нов Зеланд, а по неа следуваат Норвешка, Финска, Швајцарија и Канада.

Инситутот „Легатум“, покрај количеството пари со кои располага една држава, како фактор за просперитет, при крерирањето на листата предвид зема 104 други карактеристики.

Покрај традиционалните, како што е висината на БДП по жител или вкупниот удел на вработен, „Легатум“ во својата формула внесува и фактори како што се бројот на интернет-провајдери и количеството дневен одмор што го има просечниот граѓанин. Варијаблите потоа се делат на девет категории, односно економски квалитет, работна атмосфера, власт, образование, здравство, безбедност, лични слободи, општествен капитал и природна средина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.