fbpx

Македонија може да се справи со нов бегалски бран, тврди Попоски

-

Мигрантската криза не е завршена, но се преземаат мерки за спречување на можен нов белагски бран, оцени шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски.

– Не може да се каже дека бегалската криза е завршена иако состојбата на теренот е драстично и драматично изменета, во голема мера благодарение на нашите благовремени мерки во изминатата година, кога бевме соочени со голем наплив на мигранти и во услови кога презедовме сериозни мерки за воспоставување на контрола на границата и за обезбедување безбеден и хуман третман за транзит низ Република Македонија – рече Попоски.

Тој истакна дека без разлика што сега најголемиот притисок е на територија на Турција, како и на турско-бугарските и турско-грчките погранични региони, Македонија е подготвена да се справи со можен нов бран.

– Ние сме подготвени да се соочиме со сценарија какви што видовме во минатото, но активно работиме на дипломатско избегнување на таков развој, заедно со нашите партнери од Европската Унија, кои ни помагаат на терен, како и со земјите кои се најблиску до изворот на предизвиците со мигрантите, Турција и Грција, и онаа линија што во минатото беше најпроблематична за контролирање – рече Попоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...