fbpx

Македонија мора да му се извини на Ел-Масри до март

-

На Република Македонија и се заканува прва Резолуција со осуда од Совет на Европа доколку до март годинава не му се извни на германскиот државјанин со либанско потекло, Калид ел-Масри.

Ова беше кажано на денешната прес-конференција на вториот мониторинг-извештај за реформите во судството што го одржаа претставници на три невладини организации кој што го спроведуваат проектот „Заедничка акција за итни реформи во судството“.

Ангела Шумкоска од Здружение на млади правници појасни дека одлуката на Судот за човекови права во Стразбур, во случајот со Ел-Масри против Македонија, е донесена уште 2012 година и дека се уште не е извршена.

Комитетот на министри на Советот на Европа разгледувајќи го извршувањето на судските пресуди од ЕСЧП за Македонија во декември 2017 година, констатирал дека до март 2018 година, државата е должна официјално да му се извини на Ел-Масри. На истиот состанок Комитетот на министрите издал налог за изготвување на нацрт-времена резолуција која би била усвоена од страна на министрите на Советот на Европа на состанокот во јуни, доколку Македонија не ги исполни обврските.

Шумкоска појасни дека во земјава генерално има проблем со јавната свест кај одговорните во надлежните институции за спроведување на одлуките на судот во Стразбур, но и генерално,по што настануваат клонирани случаи, односно исти или слични повреди на правата загарантирани со ЕКЧП.

Мониторирајќи го објавувањето на судските одлуки, Институтот за европска политика (ЕПИ) констатирал дека негативниот тренд продолжува и по воведување на единствениот судски портал sud.mk.

Во набљудуваниот период од октомври до декември, најмногу пресуди објавил Управниот суд, потоа Граѓанскиот суд во Скопје, а Кривичниот суд објавил само 18 судски одлуки.

Институтот за човекови права пак, констатирал дека во набљудуваниот период има благ тренд на подобрување од аспект на транспарентноста во Судскиот совет, Советот за утврдување на факти, кој во меѓувреме е укинат, и Советот на јавни обвинители.

Покрај ова кај Судскиот совет за прв пат е констатирана и промена на начинот на избор на претседатели на судови и на судии при што повеќе внимание се обраќа на квалитативното оценување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...