fbpx

Македонија ќе ги враќа во Грција бегалците што ќе бидат протерани од ЕУ

-

Македонија подигнува ограда на границата со Грција за да создаде само еден влез за бегалците и за мигрантите, а не за да ја затвори границата, изјави претседателот Ѓорге Иванов за грчкиот весник „Катимерини“.

Весникот наведува дека Македонија пред неколку дена почнала со градежните работи, поради загриженоста дека илјадници мигранти ќе останат заглавени на грчката страна на границата.

Иванов, за грчките новинари кои ја посетија Македонија поради бегалската криза, соопштил дека Македонија ќе продолжи да ги враќа во Грција сите мигранти што ќе бидат протерани од нашите северни соседи.

– Ако видиме дека северните европски земји го прават тоа, ние ќе го следиме нивниот пример – изјавил Иванов.

Македонскиот претседател минатата недела поради бегалската криза и заканите од тероризам свика итна седница на Советот за безбедност, на која беше заклучено дека е можно да се подигне ограда на границата со Грција доколку не се намали напливот на мигрантите и нареди веднаш да се почнат подготовки на теренот.

Иванов претходно изјави дека во Македонија нема да се градат бегалски кампови и дека земјата има капацитет привремено да згрижи 2.000 бегалци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...