Македонската ракометна репрезентација изигра нерешено против репрезентацијата на Норвешка. Натпреварот од втората фаза на Европското првенство, кое се игра во Полска, заврши со резултат 31:31.
На полувремето македонските ракометари водеа со четири поени разлика (17:13).
Играч на натпреварот беше Кире Лазаров, кој постигна 11 гола. Пет гола даде Дејан Манасков, а три Филип Миркуловски. Борко Ристовски имаше 11 одбрани. Кај Норвешка, Кристијан Бјорнсен даде шест гола, а Магнус Јондал пет.
По овој бод, Македонија сега ќе треба да се надева Полска да победи во следните два свои натпревари, а Франција да ги победи Норвежаните за официјално да обезбедиме пласман на олимпискиот турнир.
Нашите ракометари утре имаат слободен ден, а в среда го играат последниот меч на овој шампионат против селекцијата на Белорусија.