fbpx

Историски чекор: Македонија и Грција ги разменија предлог-мерките за градење доверба

-

Грција и Македонија размениле предлог-мерки за градење доверба и во моментов тие се разгледуваат во Скопје и во Атина, потврдија за „Мета“ од македонското Министерството за надворешни работи.

Иако сè уште не откриваат детали, од нашето МНР велат дека „откако двете страни ќе ги разгледаат предлог-мерките, ќе се изјаснат околу нивната содржина“.

Да, потврдуваме дека сме размениле предлози за мерки за градење доверба. Тие се предмет на разгледување, по што ќе се изјаснат двете страни – одговорија од МНР на прашањето на „Мета“ дали Грција ги испрати до МНР предлог-мерките за доверба.

Ова е прв познат случај двете страни да разменат документи за градење доверба од почетокот на спорот, со исклучок на потпишувањето на Привремената спогодба на 13 септември 1995 година во Њујорк.

Од грчка страна не откриваат детали околку размената на предлог за мерки за градење на довербата меѓу двете страни.

Дописникот на „Мета“ од Атина јавува дека двајцата министри во досегашните тет-а-тет средби размениле идеи со желба да се дојде до напредок во односите.

Дипломатски извори коментираат дека она што е неопходно е во овој момент да се воспостави добар канал на комуникација и да се изгради доверба меѓу двете страни за да успее обидот за мерки за градење на довербата.

Ваквиот развој на настаните покажува дека и Скопје и Атина максимално и строго се придржуваат на договореното.

Имено, нашето МНР на 18 март за „Мета“ соопшти дека на Атина ѝ бил потребен еден месец за да излезе со предлог-мерки.

Еден ден подоцна, и шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, во обраќање до собраниската Комисија за надворешни работи и одбрана како рок го најави април.

Коѕиас тогаш рече дека мерките за градење доверба би се доставиле и разговарале со македонската страна во април и, главно, би се однесувале на помалите и попрактични работи, кои може да испеглаат дел од разликите и од тензиите што постојат меѓу двете страни.

– Мерките за доверба, пред сè, ќе бидат за да се решат извесни практични прашања, второ – за да се изгради подобра доверба и трето – за да се олеснат преговорите во Обединетите нации, до степен до кој тоа би било можно – истакна Коѕиас.

Идејата за мерките за градење доверба, Коѕиас му ја пренесе на министерот Никола Попоски на маргините на неформалниот состанок на министри за надворешни работи на ЕУ во Рига, кој се одржа на почетокот од минатиот месец.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...