fbpx

Македонија и Грција ги продолжуваат разговорите за мерките за градење доверба

-

Македонија и Грција одржаа нова рунда разговори околу мерките за градење доверба. Состанокот се одржа во Скопје, а делегациите на двете министерства за надворешни работи се фокусираа на различни прашања од билатерален интерес, како академската соработка, енергетски прашања, економија, продлабочување на соработката меѓу двете министерства.

Како што информираат од грчкото министерство за надворешни работи, разговорите се одржале во пријателска и конструктивна атмосфера. Подетално се разговарало за развивање на соработката и околу енергетските прашања, транспортната и патната мрежа, бегалското и миграциското прашање. Двете страни се фокусирале и на идеи за поголема соработка во рамки на европските програми ИПА2 и Инструментот за техничка поддршка и за размена на информации на Европската комисија (ТАИЕКС), како и за можноста за заеднички проекти во рамки на економијата, здравството, културна размена, јавна администрација, политичка заштита.

Една од клучните теми била и академската соработка, а како разултат на разговорите во рамки на мерките за градење доверба е потпишан и меморандум за разбирање меѓу охридскиот Универзитет „Св. Аполстол Павле“ и Универзитетот „Пиреја“ во Атина.

Следната рунда разговори околу спроведувањето на мерките е договорено да се одржи во јуни во Атина, во грчкото министерство за надворешни работи.

Разговорите околу мерките доаѓаат по период на тензична клима на индиректни конфронтации меѓу двете страни околу бегалската криза. Грција ја обвинуваше Македонија за неевропско однесување поради кревањето на оградата и затворањето на преминот за бегалците, додека македонската страна критикуваше дека Грција доцни со расчистување на Идомени, не ги брани добро границите и дозволува да се случат инциденти и илегално преминување на македонската страна.

Тензијата се намали на солунскиот Регионален самит за справување со бегалската криза, на кој двајцата шефови на дипломатиите, Никос Коѕиас и Никола Попоски, имаа и формална едночасовна тет-а-тет средба и неформални разговори за време на работната вечера, околу зајакнувањето на билатералната соработка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...