!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Македонија и Албанија се на добар пат кон ЕУ, оцени Хан


       
Виена, 11 ноември, 2017 - 11:55 (META) 

Западен Балкан врши притисок за отворање на вратата на Европската Унија и можно е на пролет Брисел да даде зелено светло за отворање пристапните преговори со Македонија и со Албанија, пишува австрискиот весник „Курир“.

Весникот наведува дека и самиот еврокомесар за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, неделава на средба со новинарите од регионот потврдил дека Македонија и Албанија се на добар пат кон ЕУ.

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, неделава изјави дека ЕУ би можела да прими нови членки во 2025 година, но еврокомесарот Хан вели дека засега нема гаранции дека некоја земја ќе стане членка на Унијата во 2025 година. Тој смета дека поставувањето на конкретен рок може да биде опасно земјите до Западен Балкан кои нема да го стигнат рокот, па ќе останата да чекаат и да назадуваат.

Европската комисија во февруари треба да ја претстави стратегија за Западен Балкан за натамошно зајакнување на европерспективата и за неопходните реформи во регионот.

„Курир“ наведува дека бидејќи Македонија и Албанија се на добар пат, се очекува земјите да добијат позитивна оценка, која треба да обезбеди основа земјите членки на ЕУ да го отворат патот за започнување на пристапните преговори.