fbpx

Maкедонија го празнува 11 Октомври – Денот на антифашистичкото востание

-

Македонија денеска одбележува 75 години од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна. Востанието почна на 11 октомври 1941 година со нападот на Првиот прилепски партизански одред врз бугарскиот полициски участок, а следниот ден, на 12 октомври, оружјето го кренаа и партизаните од Кумановскиот одред.

Со тоа Македонија се приклучи на антифашистичката коалиција, а по четиригодишната Светска војна, со одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, го реализираше и повеќевековниот сон за основање македонска држава.

Седумдесет и петтата годишнина од македонското народно востание вчера беше одбележана и со свечена академија во Собранието на Република Македонија, на која се обрати претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

Свечената академија истовремено претставуваше и пуштање во употреба на новоизградените и на надградените објекти во Собранието, односно големата купола, конгресната сала, како и новата зграда во дворот на објектот. Со овие градежни измени, Собранието доби нови 4.000 квадратни метри, со што неговата површина сега изнесува 18.000 квадратни метри.

По повод празникот, денеска во Собранието на Република Македонија е врачена државната награда „11 Октомври“, а бројни делегации положија цвеќе на спомениците и на паметниците на народните херои во Скопје, Прилеп и во Куманово.

Претседателот Ѓорге Иванов, по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, упати честитка до граѓаните на Македонија.

„Ако постои една идеја што како светилник нè водела низ бурите на историјата, тоа е идејата за слобода на Македонија. Благодарение на таа идеја, ние сме наоѓале сила да се помириме и да ги надминеме поделбите“, вели Иванов.

Тој, исто така, се осврна и на политичката криза која, како што порача, мора да се реши.

„Нишката што ги поврзува сите наши Илиндени е идејата за слобода на Македонија која ги надминувала и порамнувала сите разлики. Оваа година двоен јубилеј нè затекна меѓусебно поделени и раскарани. Премногу долго, длабоката политичка криза ја исцрпува енергијата на нашето општество и економија и им ја одзема перспективата на нашите млади. Неопходно е решавање и надминување на кризата. 11 Октомври и 8 Септември треба да бидат потсетување дека само ако се помириме, ако си простиме и се сплотиме, ќе можеме да ја зачуваме слободата, сувереноста и независноста на нашата заедничка татковина – Република Македонија – вели Иванов и порачува дека треба да се бориме за чување на придобивките и за градење просперитетна иднина за нашите потомци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...