fbpx

Македонија ги празнува двата Илиндена

-

Македонија денеска го одбележува Илинден и два важни историски настани поврзани со овој датум – 113 години од почетокот на Илинденското востание и 72 години од Првото заседание на АСНОМ.

По повод историските датуми, денеска се одржуваат разни манифестации во земјата.

Претседателот Ѓорге Иванов ќе се обрати на одбележувањето на празникот во Меморијалниот комплекс во Пелинце, додека претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ќе го посети споменикот на Методија Андонов-Ченто, претседател на Президиумот на АСНОМ, каде што ќе положи свежо цвеќе.

Техничкиот премиер, Емил Димитриев, ќе ја предводи делегацијата на централната манифестација на Мечкин камен во Крушево, каде ќе положи цвеќе на гробот на Никола Карев, како и на споменикот на бранителите на Крушевската Република на Мечкин камен, каде што ќе се одржи и голем народен собир.

Во Крушево за Илинден традиционално пристигнаа и коњаниците од Илинденскиот марш, а вечерва таму ќе се одржат научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република“.

На 2 август 1903 година со биењето на камбаните на полноќ е објавен почетокот на востанието. Околу 800 востаници го ослободиле градот, а два дена подоцна Никола Карев ја прогласил Крушевската Република и станал нејзин претседател.

Бахтијар-паша ја предводел 18-илјадната османлиска војска која тргнала да го врати Крушево во свои раце, а со битката на Мечкин камен и со загинувањето на војводата Питу Гули, доаѓа и крајот на десетдневната Крушевска Република.

На 2 август 1944 година, во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ кај Куманово е одржано Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на кое е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Заседанието го отворил Панко Брашнаров, најстариот делегат и сведок на двата Илиндена, а бил избран и Президиум, кој, всушност, ја претставува прва македонска влада. Покрај претседател, Президиумот имал двајца потпретседатели, двајца секретари и 17 члена. За претседател е избран Методија Андонов – Ченто, за потпретседатели Панко Брашнаров и Емануел Чучков, а за секретари: Љупчо Арсов и Владимир Полежиновски.

На заседанието се усвоиле неколку документи, а меѓу најзначајните се Решението за прогласување на АСНОМ за врховно законодавно и извршно народно претставничко тело и највисок орган на државната власт на демократска Македонија, Декларација на АСНОМ за основните права на граѓаните на демократска Македонија, Решение на АСНОМ за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава, Решение на АСНОМ за прогласување на Илинден – 2 август за народен и државен празник на македонската држава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...