fbpx

Македонија доби хуманитарна помош од Турција за поплавените подрачја

-

Македонија доби хуманитарна помош од разни институции во Република Турција за поплавените подрачја.

Амбасадата на Турција во Македонија информира дека во моментов екипа од Турција составена од 42 лица и 21 возило се на терен.

„Заклучно со 17 август, со помош на екипи од градот Истанбул од загрозените подрачја испумпани се 176.000 литри вода, исчистен е пат во должина од 4.250 метри, исчистени се 158 живелишта, 175 канали и во 242 наврати со камиони е пренесен шут. Од страна на турските невладини организации во Македонија, во соработка со Црвениот крст активностите продолжуваат“, се вели во соопштението од турската амбасада.

Посебно, по обезбедувањето на соодветната чистота и хигиена во куќите, како што се наведува, предвидена е и помош во бела техника, мебел и покуќнина.

Помош за поплавените пристигна од градовите Истанбул и Бурса, од општина Ејуп и од Турската црвена полумесечина.

Од Истанбул пристигнале пумпи за вода, пумпи за кал кои се користат од страна на техничката противпожарна екипа. Поделени се и рачни колички, копачи, лопати, чизми и друг материјал, а мобилната кујна во загрозените подрачја дава услуги.

Бурса испрати повеќе видови храна, 3.960 пакувања брашно од пет килограми, 12.000 пакетчиња макарони, 13.750 вода од половина литар, 33 отомани, 200 ќебиња, 200 комплети прекривачи, 200 перници, 170 лежаи, 300 конзерви, 3.335 облека, 310 храна, и 6.407 средства за хигиена.

Испратени се и комбинирано возило за чистење канали и противпожарни возила кои ќе бидат вклучени во загрозените подрачја до 31 август годинава.

Помошта од Турската црвена полумесечина се состои од 6.320 колети вода.

Општина Ејуп испратила 27 колети облека, 1.000 теписи, 1.000 килими, 1.000 мали теписи, 10 пластични маси, 60 пластични столчиња, 20 парчиња боја за надворешна фасада, 1.152 пакувања вода за пиење од пет литри, 360 пакувања брашно од 10 килограми, 2.000 пакувања ориз од 2,5 килограми, 10.000 макарони од 500 грама и 1.000 шииња зејтин од пет литри.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...