fbpx

Македонија да биде претпазлива при зачленувањето во ЕУ, порачува професор Претифер

-

Во Британија сега е време на големи промени, а земјите од Балканскиот Регион, како Македонија, Албанија и другите, сакаат да знаат што ќе се случува и во кој правец ќе оди овој процес, затоа што европските земји се зависни една од друга, изјави Џемјс Претифер, професор од Англија, кој денеска на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, одржа предавање на тема „Брексит и Југоисточна Европа“. Претифер во својот говор кажа дека тој лично ја поддржал идејата за излез на Британија од Европската Унија.

– Јас сум убеден дека ќе имаме добар резултат бидејќи ние, како Британија, имаме потреба од добри долготрајни односи со Европа, а и Европа има потреба за долготрајни односи со нас, но структурата на Унијата не ѝ одговараше на Британија и јас лично ја поддржав одлуката за излез од ЕУ на референдумот. Сметам дека на ЕУ ѝ е важно да има добар договор со нас, бидејќи земји како Германија, на пример, имаат големи инвестиции во британската индустрија. Можеби ќе биде потешко за медитеранските земји што имаат големи долгови, како Италија или Грција, но тие проблеми не се предизвикани од нас и тие самите треба да ги решат – рече Претифер.

Според професорот, Европската Унија носи големи предности и зачленувањето на Македонија во ова семејство ќе ѝ донесе голема добробит, но тој додава дека државата треба да биде претпазлива затоа што во Европската Унија се случуваат големи промени.

– Мора да земете предвид што сега претставува ЕУ. Настрана од Брексит, ЕУ сега се менува и ќе продолжи со менување и никој не знае дали во иднина ќе остане во сегашната форма. ЕУ ќе ѝ донесе добробит на Македонија, но мора да знаете дека има многу проблеми, како, на пример, во Грција, која најверојатно ќе мора да ја напушти еврозоната, а на некој начин еврото е тоа што е Унијата, така што тоа е многу значајно за Македонија како соседна земја на Грција – истакна Претифер.

На крајот од предавањето, професорот Претифер се осврна на политичката состојба во Македонија, која, според него, најверојатно ќе се реши се нови избори, со оглед на, како што кажа, заглавениот процес околу формирањето на новата влада.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...