fbpx

„Макам-транс“: Блокадите на гранците на грчките земјоделци ни го забавуваат превозот

-

Блокадите на границата со Грција влијаат врз забавување на превозните операции на транспортерите. Ако поради близината со оваа земја, транспортерите оделе и се враќале за еден ден, со блокадите, превозот се пролонгира за еден ден.

– Со кој било застој, се зголемуваат трошоците, имаме помал обрт во работата и еден превоз помалку – изјави Билјана Муратовска од Здружението на превозници „Макам-транс“.

На грчко-македонската граница, на преминот Богородица остануваат повеќе од 180 трактори кои вршат повремени блокади и стопирање на работа на границата. Според информациите во Грција, можно е денеска да нема двократни блокади од 12 до 14 и од 18 до 21 часот бидејќи земјоделците и од овој дел ќе бидат на протестот во Солун.

Меѓутоа, не е исклучено дел од нив да останат и да продолжат со блокадите. Блок има и на преминот Дојран – Дојрани, каде се поставени дел од вкупно 450 трактори, кои се наоѓаат во областа околу Кукуш.

Блокади има на многу места и околу влезот на Солун, вклучувајќи го и патот кон аеродромот и кон Халкидики.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одѕивот на гласачите до 17 часот е за 9 отсто повисок од претходните претседателски избори

До 17 часот, според Државната изборна комисија, на претседателските избори гласале 397.612 лица, односно 44,18 посто од вкупниот број запишани гласачи - 1.814.317. Најголема излезност има во Општина Новаци, над...