fbpx

„Мак-аутостар“ претстави модел на „мерцедес“ дизајниран од македонски дизајнер

-

„Мак-аутростар“ го претстави моделот „мерцедес бенц ГЛЦ купе“ кој е дизајниран од Македонецот Славче Таневски, кој работи како дизајнер во фабриката на „Мерцедес“ во Минхен.

Уште додека студирал на Универзитетот за применети науки во Минхен, изучувајќи транспортен дизајн, Таневски соработувал со „Мерцедес“, за потоа во 2011 година и официјално да биде вработен.

На промоцијата на неговиот дизајн тој рече дека се потребни од три до четири години за да се реализира одреден модел на автомобил.

– Професионалоста, посветеноста и дисциплината придонесоа да се најдам во тимот на „Мерцедес“, што е исклучителна чест и привилегија. Цртам од кога знам за себе, а посериозно од 12-годишна возраст. На младите би им порачал да знаат што сакаат, максимално да се вложат и да веруваат во себе – изјави Таневски, кој на крајот на промоцијата стави свој потпис врз моделот реализиран врз основа на негова скица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЗНМ: Претставка до ДИК за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Мета.мк

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека ќе достави претставка за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Новинската агенција Мета.мк до Државната изборна комисија (ДИК). Претставката...