fbpx

Мајлинда Брегу ќе биде новиот генерален секретар на РСС

-

Следнот генерален секретар на Регионалниот совет за соработка ќе биде Мајлинда Брегу, поранешна министерка за евроинтеграции на Албанија за мандатот од 2019 до 2021, додека за следниот мандат од 2022 до 2024 година, е прифатена и кандидатурата на Игор Лукшиќ, поранешен шеф на дипломатијата на Црна Гора.

Брегу ќе дојде на местото на Горан Свилановиќ, кој ја извршуваше оваа функција во два мандата и кој изјави дека „му е чест што е на чело на организацијата која е во вистинско регионално сопствеништво и која е свртена кон иднината“.

Оваа одлука, како што соопшти РСС, е донесена на денешниот 10-ти годишен состанок на Регионалниот соовет за соработка што се одржа во Брдо кај Крањ, со кој претседаваа заеднички Свилановиќ и Матеј Марн во име на словенечкото претседавање со Процесот за соработка во Југоисточна Европа, чие оперативно тело е токму РСС.

Учесниците на состанокот му се заблагодарија на Свилановиќ, со оценка дека успешно ја извршувал функцијата,  и го прифатија Годишниот извештај за работата на РСС.

Одлуката за новите двајца генерални секретари во наредниот период ја донесоа политичките директори на министерствата за надврешни работи на земјите членки на СЕЕЦП, меѓу кои и на Македонија, бидејќи земјата е основач и полноправен учесник во процесот од пред петнаесетина години.

Свесни за извонредните квалитети и на Брегу и на Лукшиќ, предлозите на Албанија и на Црна Гора, а на заеднички предлог на двете земји, Одборот на политички директори на СЕЕЦП се согласи во духот на косензус да предложи две личности, со два мандата однапред, се наведува во соопштението.

Мандатот на Мајлинда Брегу како генерален секретар на РСС започнува на 1 јануари 2019 година. Таа беше портпарол во владата на Сали Бериша, а потоа и министер за европски интеграции од 2007 до 2013 година. Иницијатор е на повеќе билатерални договори за соработка меѓу Албанија и Косово, Хрватска, Словенија и Црна Гора. 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...