fbpx

„Мајкрософт“ воведува плаќање со биткоин

-

Компанијата „Мајкрософт“ донесе одлука да ја прифати виртуелната валута биткоин, со која отсега ќе можат да се плаќаат разни услуги на оваа компанија. Со биткоин ќе може да се купуваат видеоигри, видеоопрема за конзолата „икс-бокс“, апликации за телефони, како и други софтвери на „Мајкрософт“. Засега, со биткоин ќе можат да плаќаат само во Америка.

Иако „Мајкрософт“ не објави официјално соопштение по повод плаќањето со биткоин, на интернет-страницата каде ги информираат корисниците за начинот на плаќање, од компанијата додале дел во кој се објаснува како нивните услуги можат да се платат со оваа виртуелна валута.

„Мајкрософт“ е последната во низата големи компании која го прифати биткоинот. Пред нив тоа го направија „Пејпал“, „Дел“, „Експедија“, „Њуег“ и други компании.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...