fbpx

„Маѓар телеком“ ќе истражува дали од „Ти-мобајл“ прислушувале

-

„Маѓар телеком“ планира истрага што ќе ја спроведуваат надворешни консултанти во нејзината фирма-ќерка во Македонија, вели за „Дојче веле“ портпаролката на „Дојче телеком“, Елпида Тризи.

Повод за истрагата се сомнежите за улогата на македонскиот телеком во аферата со прислушувањето, која во Македонија ја отвори лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев, кој истакна дека наводното масовно прислушкување на повеќе од 20.000 граѓани во Македонија не можело да се одвива без дозвола и знаење од мобилните оператори во Македонија. Двата најголеми оператори во Македонија, „Ти-мобајл“ и „Вип“ се во сопственост на фирми-ќерки на „Дојче телеком“ и на „Телеком Аустриа“.

Во „Дојче телеком“ одбиваат да ги коментираат конкретните настани, но Тризи вели дека „проблемот им е познат“.

– Сепак, имајте предвид дека „Дојче телеком“ не е директно инволвиран во Македонија, туку преку својата подружница, „Маѓар телеком“, кои се директни акционери во случајов. Во секој случај, ние сме во близок контакт со надлежните во ќерката-компанија „Маѓар телеком“. „Маѓар телеком“ во моментов планира истрага преку именување надворешни консултанти – вели Тризи за „Дојче веле“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...