!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Мадуро нема да присуствува на седницата на ОН за човекови права


       
Њујорк, 5 септември, 2017 - 12:41 (META) 

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, го откажа учеството на отворањето на 36. заседание на Советот за човекови права на Обединетите нации во Женева в понеделник.

„Претседателот Мадуро нема да се обрати на Советот за човекови права“, се наведува во соопштението на ОН, иако претходно беше најавено дека тој на 11 септември ќе има свое обраќање.

Венецуела во изминатите неколку месеци ја тресе длабока политичка и економска криза. Либералната опозиција бара вонредни претседателски избори и организира протести кои силите за безбедност ги прекинуваат употребувајќи сила.

Во судири на демонстрациите кои од 1 април се секојдневни, досега загинаа најмалку 120 луѓе.