!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Лутфиу апелира пратениците по скратена постапка да го укинат екстерното тестирање


       
Тетово, 26 мај, 2017 - 15:43 (META) 

Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу апелираше пратениците што поскоро да го процесираат законот за укинување на екстерното тестирање, кои го подготвиле парламентарните групи на СДСМ и ДУИ. Ако не се стигне со роковите за укинување на екстерното тестирање, министерот Лутфиу советуваше да се почитуваат роковите за спроведување на овој начин на тестирање, кое до година според него со сигурност ќе се укине.

– Парламентарните групи на ДУИ и на СДСМ, веќе го подготвиле законот за укинување на екстерното тестирање, сега зависи од нив, но зависи и од наредните денови, штом ќе се формира влада да се процесира законот. Апелирам до пратениците, ако евентуално деновиве имаме нова влада да го процесираат законот за укинување на екстерното тестирање по скратена постапка и што поскоро да се стигне со роковите, затоа што треба најмалку 8 дена да помине, а треба и во службен весник да излезе. Ако стигнеме да го укинеме екстерното тестирање во ова време добро, ако не пак апелираме нема што да се секираат ни учениците ни наставниците, ќе влезат најнормално и без стрес на тестирањето затоа што и така од наредната година нема да има екстерното тестирање – изјави Лутфиу кој учествуваше на церемонија по повод доделувањето на дипломи на студентите на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Тој на новинарско прашање дали денеска ќе биде објавена новата влада, тој рече дека нема таква информација, но рече дека ако не денеска тогаш деновиве сигурно ќе биде оформена.