fbpx

„Луфтханза“ со намален профит поради терористичките напади

-

Најголемиот германски авиопревозник „Луфтханза“ соопшти дека поради терористичките напади и сè поголемата политичка и економска нестабилност, значително опаднал бројот на резервации за авионски летови, особено на долгите дестанции во Европа.

Како што јавуваат светските агенции, акциите на германскиот гигант денеска паднале за 5,6 отсто и сега чинат 10,47 евра по акција.

Покрај заканите од тероризам, Европа се соочува и со политичка нестабилност по одлуката на Велика Британија за напуштање на Европската Унија, а на ситуацијата негативно влијае и минатонеделниот обид за државен удар во Турција.

Од „Луфтханза“ навеле дека поради новонастанатата ситуација, нејзината заработка оваа година ќе биде помала од лани.

Во првите шест месеци од оваа година компанијата имала приход од 529 милиони евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...