fbpx

Љубе Бошкоски пет часа сведочеше во СЈО за „Кампања“

-

Пет часа траеше распитот во Специјалното јавно обвинителство на поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, осуден во случајот „Кампања“.

Зградата во која се просториите на СЈО, Бошкоски ја напушти со полициска придружба 15 минути по 18 часот, накратко поздравувајќи се со неколкумина свои симпатизери, кои го чекаа пред зградата.

Адвокатот на Бошкоски, Константин Кратовалиев, во изјава за медиумите потврди дека распитот на неговиот клиент е во врска со случајот „Кампања“. Тој не сакаше да каже повеќе детали околу сослушувањето.

– Бошкоски денеска даваше исказ во својство на сведок и на оштетен во случајот „Кампања“, а во врска со пречекорувањето на овластувањата на органите што учествувале во преземањето на дејствата во конкретниот случај – рече Кратовалиев.

Одговарајќи на новинарско прашање дали Бошкоски посочил конкретни лица, Кратовалиев кусо одговори дека нема што да посочува туку тие самите се наметнуваат од записниците и од извештаите за преземените дејства во „Кампања“.

„Кампања“ е еден од случаите што Специјалното јавно обвинителство ги презеде во своја надлежност. Пред десетина дена на распит во СЈО беше Игор Спасов, припадникот на специјалните полициски единици, кој е осуден за убиството на Мартин Нешкоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...