fbpx

ЛП: Според Владата, странските инвеститори се нивни, домашните се опозициски

-

„Претседателот на Владата покажува партиска опседнатост и во економијата, со што ги дели бизнисите по партиска основа и тоа: странските се нивни, а домашните се на опозицијата“, стои во соопштението на Либералната партија, со кое од партијата реагираат на последните изјави на премиерот Никола Груевски, со кои „тој уверува дека домашните и странските инвеститори имаат еднаков третман“.

„Либералната партија ги оценува како опасни изјавите на Груевски кога укажува дека тезата за дискриминацијата на домашните компании ја развила една од опозициските партии. Ваквата поделба лошо влијае на деловната клима во Македонија и во услови на пораз на владејачката партија, многу веројатно е странските фирми да се повлечат од Македонија и со тоа да се направи штета на македонската економија“, се вели во соопштението, потпишано од претседателот на комисијата за економија и за финансии на Либералната партија на Македонија, Венко Глигоров.

Според либералите, претседателот на Владата организира наменски неколкудневни трибини и посети со целосна делегација од министри и од стручни лица кај странските инвеститори, додека посетите на македонските фирми најчесто се спроведуваат протоколарно.

„Точно е и дека претседателот на Владата и некои од министрите имаат средби во стопанските комори, но тоа се најчесто средби за да се аминуваат одредени законски предлози и решенија на Владата“, велат од ЛП.

Оттаму соопштуваат дека ЛП се залага за еднаков третман на домашните и на странските компании и сметаат дека „економијата ќе биде поздрава ако обезбедиме помал број нововработени во поголем број домашни компании“.

„На пример, 10 дополнителни вработувања во 1.000 фирми е многу покорисно за Македонија отколку отварање две фабрики со 5.000 вработени“, се наведува во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, изјави дека Израел ќе одговори на иранскиот воздушен напад, но дека сè уште размислуваат кога и како ќе го направат тоа. Иранскиот...