fbpx

ЛП: Потребна е нова организација на влада, која ќе биде економски ориентирана

-

„На Македонија ѝ е потребна нова организација на влада која ќе биде економски ориентирана и ќе биде фокусирана на интересите на граѓаните. За таа цел Либералната партија ги реорганизира и своите комисии“, соопштија од партијата.

Новиот концепт се базира на искуствата од најсилната економија во светот, САД, како и на британскиот кабинет, како модел присутен во ЕУ.

– Нашата визија за организирање на владата е заснована на основните цели на секој здрав економски систем во светот – изјави Венко Глигоров, претседател на комисијата за економија и за финансии при Либералната партија и предлагач на новата структура на комисиите.

Глигоров додава дека, наместо влада скроена по старомоден модел и ориентирана кон себе, се предлага структура на влада со министерства кои се во функција на развојот на економијата во Македонија.

Следните денови Либералната партија ќе објави конкурс за учество во комисиите, преку кои ќе ги комплетира нивните состави.

– На конкурсот може да се пријават сите заинтересирани граѓани кои ја имаат прифатено либералната опција и кои сакаат да направат промени во Македонија. Конкурсот ќе трае до крајот на септември – велат од партијата.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...